TAIVA HYDRO ACTIVE PLUS

Дневен и ноќен крем кој длабински ја хидрира, реструктуира и измазнува кожата. За долготрајно свеж изглед.

TAIVA HYDRO ACTIVE PLUS кремот за лице содржи HYDRASALINOL eкстракт од алгата Salicornia herbacea, која има извонредна способност да ја задржи влажноста во најекстремни услови. Дејствува директно во с’ржта на метаболизмот на уреа и на тој начин создава моментална хидратација и кај најсувата кожа. Ја зголемува компактноста на кожата и го намалува губитокот на вода, а резултатите се видливи со редовна комбинирана употреба на кремите за најмалку 28 дена.

Дневниот крем има лесна текстура, која брзо се впива и ослободува чувство на интензивна нега, а кожата станува кадифено мека. Погоден е како подлога за шминка. Ноќниот крем е збогатен со ши путер, за хранлив третман на кожата во текот на ноќта.

Клинички докажано дејство:

  • се спречува губитокот на уреа и вода во текот 24 часа
  • 60 пати зголемено ниво на хиратација на кожата
  • хидро-реструктурирање на кожата